Откако објавија дека се разведуваат, сопругот на финската премиерка виден како прегрнува друга девојка во ноќен бар

Сопругот на финската премиерка Сана Марин бил виден со мистериозна девојка во ноќен клуб, само неколку недели откако објавија дека се разведуваат. Медиумите пренесоа дека бизнисменот Маркус Раиконен, флертувал и танцувал со Индијка, која била на одмор во Финска.

Медиумите пренесоа дека биле видени во ноќниот клуб „Пост“. Раиконен наводно бил пијан ѝ се обидел да ја бакне додека биле пред барот, но таа го одбила. Девојката допатувала во Финска во март со ѕвездите од филмската индустрија на Боливуд и останала да се забавува до четири часот по полноќ.

За потсетување, Раиконен и Марин во последните неколку месеци живееја разделено, пред конечно да стават крај на нивната врска. Двајцата беа во брак 19 години.

Марин беше таа која поднесе барање за развод, откако минатиот месец беше објавено видео од неа како танцува со друг маж на забава која ја организирала за нејзините пријатели во нејзината резиденција.

За потсетување, финската  поднесе со нејзиниот поранешен сопруг Маркус Раиконен се венчаа во 2020 година додека таа беше премиерка и се справуваше со кризата предизвикана од пандемијата на корона вирусот.

 

Scroll to Top