Откриен најголемиот воден лилјан на светот со листови широки над три метри

Огромен воден лилјан за кој се знаело 177 години од неодамна се води како нов вид. Растението Victoria boliviana со листови широки над три метри веќе го имаше во архивите на Кралските ботанички градини во Лондон и во повеќе водени колекции, но сега ботаничарите велат дека тоа било погрешно идентификувано. Новите испитувања утврдија дека овој лилјан е нов за науката.

Името го добило според државата Боливија, каде што расте само во еден слив од амазонскиот речен систем. Ова е и официјално најголемиот воден лилјан на светот

„Долго време се сомневавме дека ова растение е различно од видовите Victoria amazonica и Victoria cruziana. Тој може да расте покрај нив во сосема исти услови. Откако го споредивме со другите два вида, сфативме дека секој дел од растението е различен“, изјави за медиумите Карлос Магдалена, еден од водечките светски експерти за водени лилјани. Тој го опиша ова откритие како врв на неговата кариера.

Scroll to Top