Откриена најголемата бактерија на светот, која може да се види и без микроскоп

Научниците тврдат дека ја откриле најголемата бактерија на светот, која може јасно да се види и со голо око. Оваа бактерија со големина на човечка трепка е наречена thiomargarita magnifica. Откриена е на потонати, распаднати лисја од мангрова на француските Кариби. И покрај својата големина, не е опасна и не може да предизвика болести кај луѓето.

Еден сантиметар долгата бактерија не е најголемиот едноклеточен организам на Земјата, туку тоа веројатно е алга наречена caulerpa taxifolia, која е десетпати подолга.

„Овие бактерии се 5.000 пати поголеми од повеќето бактерии. За споредба, тоа е како просечен човек да се соочи со друг човек кој е висок колку Монт Еверест“, изјави Жан-Мари Воланд од Геномскиот институт при националната лабораторија „Лоренс“ во Калифорнија.

Оваа бактерија првпат била идентификувана во 2009 година на Гваделуп, но дури неодамна детаљно била проучена.

Scroll to Top