Отворени новите продажни салони и сервисен центар за Renault, Nissan и Dacia

Денес во присуство на бизнис партнери, соработници и пријатели свечено се отвори и започна со работа новиот Аутомотив груп сервисен центар лоциран на ул Вангел Начевски бр 40 во Визбегово.

На површина од 4.950 метри квадратни изградени се 2.300 метри квадратни составени од сервис и механика.

Изградени се автолакерски и лимарски сервис кој содржат 18 работни дигалки и две комори и пред комори направени по најсовремените еколошки стандарди со прочистителни станици и употреба на еколошко гориво – ГАС каде вработуваме 50 нови работни места.

Како општествено одговорна компанија која секогаш се залага за заштита на човековата околина, за потребите на центарот употребена е последна технологија на воздушни и топлински пумпи за греење и ладење со најдобар коефициент на енергетска вредност инсталирана е фотоволтаична електроцентрала со можност од 180KW.

Денес вратите за работа ги отворија и им посакаа добредојде на своите посетители и комплетно новите салони за продажба на Nissan, Renault i Dacia, лоцирани на ул. Скупи бр.14 дизајнирани согласно стандардите на престижните брендови.

“Градејќи во еден период полн со предизвици предизвикани од ковид пандемијата кога сите активности беа запрени, ние не застанавме , исправени пред сите предизвици успеавме да изградивме нов центар со цел да го придвижиме тркалото , да дадеме надеж на сите наши вработени, соработници , идни генерации.

 Голема благодарност до Владата на РМ , Светска Банка и тимот на Шпаркасе Банка кои ни дадоа  поттик , подршка и ветар во грбот да го завршиме овој наш голем и значаен проект “ изјавија од компанијата .

ПР текст

Scroll to Top