Ова беа тешки години за мене, рече Бил Гејтс откако го загуби татко му и се разведе од Мелинда

Бил Гејтс во 2020 година го загуби татко му, кој почина на 96 години, а една година потоа се разведе од Мелинда Гејтс. Милијардерот сега рече дека тоа бил најтешкиот период за него во животот. Разводот го смета како еден од најголемите лични порази во последните неколку години.

„Во последните неколку години допрев некои од најниските точки во приватниот живот, а тоа се смртта на татко ми и разводот од мојата сопруга. Мелинда и јас ќе продолжиме да ја водиме заедно нашата фондација и најдовме нов работен ритам од кој сме задоволни и двајцата. Но, не можам да речам дека ова беше година со голема тага за мене“, напиша Гејтс на својот блог.

Татко му почина во септември 2020 година, а веќе следната година се разведе од Мелинда. Таа и Бил го финализираа разводот во август 2021 година, по 27 години брак. Веста за разводот ја објавија три месеци претходно.

„По долго размислување и многу работа на нашата врска, донесовме одлука да го прекинеме бракот“, рекоа тогаш во заедничка изјава. Минатиот месец Мелинда повторно се заљуби и веќе неколку недели е во врска со Џон Ду Пре, поранешен новинар, кој сега работи како експерт за комуникации.

Scroll to Top