Париска оперска куќа нуди ноќевање во ложа претворена во спална за само 37 евра 

Платформата за изнајмување „Еарбиенби“ има нова понуда за специјално ноќевање. Нуди аранжман за ноќевање за двајца на тема „Фантомот од операта“ во познатата париска оперска куќа „Пале Гарние“.

Гостите ќе имаат можност да спијат во една од театарските ложи, која ќе биде претворена во спална соба со антички мебел и спектакуларен поглед на салата.

Понудата е инспирирана од романот на Гастон Леру од 1910 година и мјузиклот на Ендрју Лојд Вебер за маскиран човек кој има посебни музички способности и изгледа застрашувачки.

Тој живее во изолација под зградата на Операта и талка ноќе во нејзините визби, ходници и тајни премини.

Сè се менува кога ќе се заљуби во пејачката Кристијане. Резервациите се можни од 1 март, а гостите ќе можат да престојуваат во Операта во недела на 16 јули. Ноќевањето ќе чини само 37 евра.

Scroll to Top