Патник го врзале во авион откога ги нападнал екипажот и патниците

Екипажот од компанијата „Вирџин Атлантик“, за време на летот од Лондон за Лос Анџелес морале да врзат еден од патниците за седиштето, откако претходно направил хаос во авионот. Пилотот бил принуден да го пренасочи летот кон Јута, каде подоцна патникот бил уапсен.

Од полицијата соопштија дека станува збор за Британецот Вилијам Стивен Хејз (39) за кого велат дека за време на летот почнал да удира по седиштата и прозорците од авионот.

Тој повредил и некои од членовите на екипажот и еден од патниците. Од надлежните соопштија дека во инцидентот нема посериозно повредени.

По слетувањето во Солт Лејк Сити, Хејс бил однесен во окружниот затвор, а полицијата соопшти дека случајот бил проследен до федералното обвинителство, кое најчесто има надлежност над меѓународните летови. Авионот потоа продолжил со летот за Лос Анџелес.

Scroll to Top