Патувањето со воз ќе биде новиот тренд во 2023 година, предвидува „Пинтерест“

Патувањата во 2023 година според предвидувањата на платформата „Пинтерест“ ќе бидат реализирани со воз. Претходно оваа недела, „Пинтерест“ го сподели својот извештај за „Пинтерест Предиктс“, кој ги споделува сите трендови за кои верува дека ќе растат во текот на следната година.

„Предвидувањето што ќе биде важно во 2023 година не е претпоставка. Извештајот одразува повеќемесечни податоци, анализи и проценки. Тоа е резултат на сеопфатните глобални трендови кои се појавуваат за 2023 година, а кои не можат да се најдат никаде на друго место. „Пинтерест“ е доста успешен во ова, трета година по ред, 8 од 10 трендови кои платформата ги предвиде“, информираат од 2Пинтерест“.

„Поодржливо патување. Во 2023 година, патувањето со воз ќе се врати значително. Благодарение на побрзото качување, дополнителниот простор, живописните погледи и помалиот јаглероден отпечаток, генерацијата Z и милениумците повторно ќе се заљубат во оваа безвременска форма на транспорт“, соопштуваат од платформата.

Има многу опции за оние кои сакаат да патуваат со воз следната година, вклучувајќи неколку патувања насочени кон храната. Возовите како „Седум ѕвезди“ ве водат низ Кјушу, Јапонија, нудејќи фантастична програма за храна и пијалоци и ексклузивни тури за јадење. Оние кои сакаат да останат малку подолго во Јапонија, можат да се качат и на возот „Шу Кура“ на Ист Јапан Реилвеј Компани, кој патува низ најубавите предели на Ниигата.

Можете исто така да се упатите во Ирска на луксузно патување со возот Белмонд Гранд Хибернен, пиејќи виски и Гинис. Тука е и Венеција Симплон-Ориент-Експрес, кој нуди неколку маршрути низ Европа, вклучително и воз меѓу Франција и Италија специјално за љубителите на шампањ.

 

Scroll to Top