Пеле се бори со рак на дебелото црево, славниот фудбалер пред најтешката битка

Бразилскиот фудбалер Пеле од понеделникот е на лекување во болница во Сао Пало поради рак на дебелото црево. Тој сега се наоѓа во добра и стабилна здравствена состојба и се очекува да ја напушти болницата во наредните денови, информираат од болницата „Алберт Ајнштајн“.

Пеле (81) мора да ја посетува клиниката најмалку еднаш месечно за да помине тестови и да продолжи со хемотерапија за тумор на дебелото црево. Бразилецот е единствениот фудбалер кој освоил три Светски првенства. Пеле го предводеше Бразил до титулата најдобар на светот во 1958 година во Шведска, четири години подоцна во Чиле и во 1970 година во Мексико, каде што беше прогласен за играч на турнирот.

Scroll to Top