Ракометарите на Пелистар испратија писмо до натпреварувачката комисија на Македонската ракометна федерација, во кое им почраа дека погрешиле што го доиграле натпреварот со Вардар до крајот.
За потсетување натпреварот беше прекинат на средината на првото полувреме поради инцидентот кој го предизвикаа навивачите на двата тима. Иако се очекуваше дека ќе има судир на двете навивачки групи, домаќинот на натпреварот дозволи да се случи хаос.
Откако„Чкембари“ влегоа на трибините настана општ метеж. Ракометарите на Пелистер се повлекоа веднаш, бидејќи на теренот се најдоа фановите на Вардар, кои се упатија кон Чкембари, па почнаа на теренот да летаат секакви предмети.
Урбан Лесјак беше погоден со паричка, но тој не направи голема драма и продолжи мечот. Кратко потоа почна драмата.
Раководството на битолскиот клуб рече дека натпреварот требало да биде прекинат уште кога на терен влегле дел од навивачите. Испратија и критика до Вардар дека не се оградиле за однесувањето на нивните навивачи. Натпреварот заврши со победа на Вардар од 31:24.