Пензионерката Марика Шутиновска е најдобриот возач на „Убер“ во светот

Марика Шутиновска од Македонија е една од најдобрите возачи во „Убер“ во светот. Таа има рејтинг од 5 ѕвезди.

Ваквиот рекорд на шеесет и девет годишната Шутиновска, се должи на нејзиното трпение, љубезност, пријателски муабет со секој муштерија, пренесува новозеландскиот портал „Стаф“.

Марика, која во Македонија работела како архитект, се преселила со семејството во Оклeнд, Нов Зеланд во 2000 година, но не можела да продолжи со својата професија, бидејќи дипломата не ѝ била признаена.

Таа вози веќе 13 години, од кои 8 за „Убер“. Марика за порталот „Стаф“ дала и интервју во кое раскажува за нејзиното искуство како возач на „Убер“.

Scroll to Top