Пет камиони се судрија на Флорида и истурија илјадници лименки пиво на патот

Илјадници лименки пиво се најдоа на автопат во американската сојузна држава Флорида по судир на пет камиони. Патот беше затворен за сообраќај, откако камион со приколка со пиво удрил во камиони кои биле паркирани поркај автопатот.

Полицијата информирала дека нема повредени.

Тампа Беј Тајмс пишува дека два камиони прво се судриле и застанале на автопатот. Потоа два други камиони и еден пикап застанале да проверат дали жртвите се повредени и да им помогнат. Тогаш камионот кој превезувал пиво не застанал навреме и удрил во паркираните возила.

Scroll to Top