Петелот ги будел секое утро, па соседите го тужеле стопанот

Петел во германското село Бад Салцуфлер, секое утро со кукуригање ги вознемирува соседите. Како што раскажуваат соседите тој секое утро во 8 часот наутро го прави истото.

Фридрих-Вилхелм Крајевски и неговата сопруга Јута велат дека нивните животи станале неподносливи. На друг сосед му здодеала секојдневната врева и се отселил.

Соседите се обиделе да ја убедат сопственичката да се ослободи од петелот, но не успеале. Тие поднеле тужба, но истата била отфрлена.

Причината за отфрлањето на тужбата била дека наводно петелот испуштал бучава до 80 децибели, што, како што велат, е еднакво на бучава од прометна улица.

Ова не е прв случај некој да се жали на бучава на петел. На суд поради неговото гласно кукуригање заврши и петелот Морис од Франција, а по тој случај Франција со закон го заштити чувствителното наследство на неговото село.

Scroll to Top