Петнаесет фудбалери паднале на допинг тест во Премиер лигата и ниту еден од нив не бил казнет

Најмалку петнаесетина фудбалери во Премиер лигата паднале на допинг тестот во периодот меѓу 2015 и 2020 година, пренесе „Дејли Мејл“. Скандалот стана уште поголем затоа што на ниту еден од нив не му беше забрането да игра фудбал, ниту пак доби некаква казна.

Во извештајот е наведено дека од 15-то позитивни фудбалери од Премиер лигата, 12 од нив биле позитивни на забранети супстанци кои можат да им ги подобрат перформансите на теренот.

Еден од нив до ден денес е под истрага. Истрагата трае и по пет месеци откако паднал на иницијалниот тест, но и понатаму за него нема никаква казна. Меѓу оние кои биле позитивни е и фудбалер кој паднал на допинг откако користел амфетамин, додека кај тројца бил најден тријамсинол и кортикостероид кој го користеше и велосипедистот Бредли Вигинс на Тур де Франс.

Вкупно 88 фудбалери од Англија, Велс и Шкотска паднале на допинг тестови во периодот меѓу 2013 и 2020 година, пренесе „Дејли Мејл“. Од UKAD, британската антидопинг агенција, рекоа дека ја потврдиле оваа листа.

Scroll to Top