Петнасетгодишниот Енес од Босна сам поправа дупки на локален пат, затоа што властите го игнорираат проблемот

Петнаесетгодишниот Енес од босанското село Јоховица сам го поправа локалниот пат, затоа што власти не го направиле. На фејсбук фан страницата „Граничен премин Маљевац“ беа објавени фотографии од поправката на патот направена од Енес.

Се работи за пат во близина на граничниот премин Боговоља – Хаџин Поток, а населението од овој крај со години апелирале до комуналните власти на градот Чазин, кои се надлежни за одржување на тој локален пат, да ги санираат четири- километарската делница од граничниот премин до село Штурлиќ, прво населено место во БиХ. Но, надлежните не одговариле на нивното барање.

Затоа Енес решил да ги земе работите во свои раце. Дупките на макадамскиот пат ги наполнил со црн песок што впива вода и со свои пари ангажирал машина за вибрации за да го зацврсти и поправи патот со тој песок, па, како што вели, сега изгледа речиси како асфалт.

„Народот ми е благодарен што го одржувам патот затоа што возат поскапи коли, па сега помалку ќе бидат уништени од дупките“, вели Енес, кој има порака и за возачите.

„Забележав некои луѓе кои доаѓаат од ЕУ како фрлаат ѓубре на страната на патот и тоа не е во ред. Да се ​​грижиме за природата, бидејќи тоа е нашиот живот. Исто така, би сакал поединците да возат побавно за да не ме удрат на страната на патот. На сите им посакувам безбеден пат“, рекол Енес.

Scroll to Top