Четириесет и деветгодишниот В.Д. во петокот попладнето со својот црвен џип, ги прегазил Светлана К. (54) и нејзиниот сопруг Никола Џ. (58) во Виноградската улица во Сурчин во Белград. Никола се здобил со тешки телесни повреди, а Светлана, од повредите починала по три дена.
Двајцата се родители на осум деца. В.Д. бил уапсен одма по несреќата и бил задржан 48 часа. Се сомничи за две кривични дела. Тешко дело против безбедноста на јавниот сообраќај и нанесување на тешки телесни повреди.
„Бил во алкохолизирана состојба, а со оглед на тоа дека Светлана починала од повреди здобиени во сударот, кривичното дело најверојатно ќе биде преквалификувано“, вели извор за Курир.рс.
Очевидци претходно рекоа дека возачот бил арогантен.
„Возеше преку 100 километри на час, а кога ги удри не повика ни помош. Итната помош ја повика жената која возеше зад него. Тој само излезе од автомобилот и почна да го шутира ѓубрето на страна и да вика, додека мажот и жената лежеа на патот“, рекоа сведоците.
За потсетување, Светлана и Никола се родители на осум деца, а семејството преживеа вистинска агонија во изминатиот период.
„Тој ден беше едне од најлошите, а ми беше роденден. Се сеќавам само на ударот кога ги отворив ичите и побарав од брат ми да ме однесе дома. Не бев свесен што се случи. Потоа погледнав околу себе и видов луѓе и автомобили. Мојата Цеца лежеше неподвижна, а крв и излегуваше од устата. Бев сигурен дека не дишеше“, рече Никола.