Пилот го летал патничкиот авион наопаку над океан да можат патниците да ја видат поларната светлина

Пилот од компанијата EasyJet додека летал од Манчестер за Рејкјавик, на половина пат го свртел авионот за 360 степени над океанот во понеделникот вечерта за да можат патниците да ја видат поларната светлина.

„Некаде на половина пат, пилотот ги изгасна светлата и патниците кои седеа од левата страна можеа да го видат овој природен феномен низ прозор. Ние седевме од десната страна. Но, по две или три минути, пилотот го сврте авионот за 360 степени за да можеме сите да ја видиме“, рече Адам, еден од патниците.

На фотографиите кои ги направил еден од патниците се гледа нијанса на зелена, виолетова и розвеа боја. Адам кој ги направил фотографиите се враќал со свршеницата од Исланд, кога пилотот ги изненадил.

„Се надевавме дека ќе ја видиме поларната светлина, но шансите беа мали, а ниската облачност на Исланд мината недела значеше дека не можевме да ја видиме од копно. Се надевавме дека ќе ја видиме додека бевме таму, но не добивме шанса“, рече Адам.

Scroll to Top