Пиперката од видот Каролина Рајпер влезе во Гинисовата книга на рекорди како најлута пиперка во светот

Пиперката од видот Каролина Рајпер влезе во Гинисовата книга на рекорди како најлута пиперка во светот. Просечната пикантност е 2,2 милиони сковилес, мерна единица на зачинетост.

Пиперката ја одгледувал Ед Кари со вкрстување на пиперката од видот Нага, која расте во Пакистан и црвената Хабанеро од островот Св.Винсет.

За лутината на пиперката одговорна е хемиската супстанција капсаицин. Оваа хемиска супстанца покажува различни резултати во зависност од условите на околината, а се менува и во зависност од генетската структура на растението и местото на одгледување.

Плодовите се долги 5-7,6 сантиметри со дијаметар од 2,5-5 сантиметри. Тие се слатки и овошни, што е невообичаено за ултра лутите пиперки. Дури по неколку секунди доаѓа екстремната пикантност, пренесува порталот Ај лав спајси. Оваа пиперка се користи за правење лути сосови. Освен во форма на сос, може да се користи и како прав или мелена лута пиперка при готвење на разни јадења.

Како што можете да забележите, најмногу се користи во индиските и мексиканските ресторани. Луѓето кои не се навикнати да консумираат зачинета храна може да имаат проблеми со варењето.

Каролина Рејпер предизвикува потење и насолзени очи. Шише сос направен од оваа пиперка чини приближно 12 долари во Америка.

Претходно, рекордот за најлута пиперка го држеше индиската пиперка Бут Јолокиа, чија пикантност беше 1,2 милиони сковилес.

Scroll to Top