Пиволенд презакажан на 3 септември

Фестивалот на пивото Пиволенд кој требаше да започне вечерва на градскиот плоштад во Скопје е презакажан поради лошите временски услови. Пиволенд ќе започне на 3 септември на првично предвидената локација, плоштад Македонија.

„Поради големото невреме кое ги зафати Скопје и околината и најавите за ново невреме во наредните денови, чувствуваме потреба поради безбедност да го презакажеме почетокот на Пиволенд за 3 септември“, објавија организаторите.

Скопскиот Пиволенд ќе трае пет дена и ќе се одржува на две сцени. Најавено е учеството на повеќе од 50 домашни изведувачи, а на менито ќе бидат над 100 видови пиво.

Scroll to Top