Плажа во Црна Гора дневно наплаќа од 500 до 1.000 евра во зависност од пакетот што го избираат туристите

Два кревета, чадор, чинија со овошје, чинија со остриги, шампањ, неколку шишиња вода, како и право на користење дрвена маса и неколку столчиња, ќе добиете за 1.000 евра на една од плажите во Будва.

Толку е цената на луксузот за целодневно уживање на некогаш популарната „Malay Beach“, која денес му припаѓа на станбено/хотелскиот комплекс Дукљански Гарденс.

На оваа плажа може да се помине и поевтино за околу 250 евра. За тие пари ќе добиете основен пакет: две лежалки и чадор за сонце за цел ден, без дополнителни трошоци.

Доколу платите 450 евра може да добиете фенси пакет за на плажа. Оваа привилегија за туристите со подлабок џеб повторно вклучува две лежалки и чадор, но овој пат добивате и шише шампањ од 0,75 литри, чинија со овошје и дури четири шишиња вода.

На само десетици метри од оваа плажа, се наоѓаат плажите каде капењето е бесплатно. На одредени делови од овие плажи цена имаат и лежалките, но таа не надминува 20 евра. Сепак, има и пристојни места за нормални туристи, кои се верни на сончањето на пешкир, со заглавен чадор во песок, вода, грицки, можеби и сендвич, сладолед, кафе или чаша пиво. 

Скапите плажи на кои дневно чинат од 500 до 1000 најчесто ги посетуваат јавни личности, спортисти, политичари, музичари, режисери, актери. Доаѓаат од сите делови на Црна Гора, но и од Србија. Има и многу странци, но повеќето се балканци. Инаку, гостите на оваа луксузна плажа пристигнуваат претежно со глисери, јахти. Малкумина се симнуваат по скалите затоа што не сакаат да пешачат, а температурите се превисоки за пешачење, па така полесно се стигнува од море отколку од копно. 

Scroll to Top