По 50 години постоење, бендот „Кис“ најави крај на кариерата

Рок групата „Кис“ пред три месеци ги објави датумите на нивната европска турнеја, а сега ги открија датумите на нивната проштална турнеја во Северна Америка. Тие објавија крај на кариерата по 50 години на сцена.

„Кис“ започнуваат својата проштална турнеја „Д едн оф д роуд“ во Муди Центарот во Остин, Тексас на 29. октомври. Вкупно ќе имаат 19 изведби, а последниот настап ќе биде дводневен, на 1. и 2. декември во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк.

„Се шегувам велејќи „Мажите не плачат“. Сигурен сум дека ќе плачам како деветгодишно девојче кога некој ќе тистапне на нога. „Кис“ се родени на улица 23. Ни требаа само 50 години да го играме финалето десет блока подалеку на 33-та улица, каде што е „Медисон Сквер Гарден“. Стенли е горд и што ќе завршиме онаму каде што почнавме, во Големото јаболко“, изјавил пејачот и басист Џин Симонс (73).

Џин настапува во бендот со ко-основачот Пол Стенли (71), гитаристот Томи Тејер (62) и тапанарот Ерик Сингер (64).

„Некои луѓе се насмеаја и рекоа: „Оваа турнеја „Д енд оф д роуд“ трае со години“. Да, изгубивме две и пол години поради ковидот. Во спротивно веќе би завршила. Така да, ова е крајот. Кога ќе дојдете да го гледате шоуто, тоа е одлично. Станува збор за настап со највисока технологија во светот, а сепак јасно е дека се работи за врвно рокенрол шоу. Не е Вегас. Тоа не е нешто што го губи својот имиџ. Тоа е сè што е „Кис“, но засилено и издигнато, па погледнете, ние му даваме сè што имаме“, рекол Симонс.

Четворицата изведувачи кои обожавателите ги нарекуваат Демон, Старчилд, Спејсмен и Кетмен го објавија својот последен студиски албум, 20-ти по ред, во 2012 година под името „Монстер“. Во својата 50-годишна кариера продадоа повеќе од 100 милиони албуми, а поради успехот беа примени во Рокенрол Куќата на славните.

Scroll to Top