Откако Кристијано Роналдо го напушти Манчестер Јунајтед, од клубот си замина и неговиот син, Јуниор, кој играше за младинскиот тим. Кариерата ќе ја продолжи во најтрофејниот клуб во светот Реал Мадрид.
Роналдо многу е блиску да направи трансфер во Саудиска Арабија во клубт Ал Наср и да стане еден од најплатените фудбалери на светот. Низ кариерата Јуниор го следеше татко му и играше за младите категории на Јувентус и Манчестер Јунајтед.
Минатата сезона играше за тимот на Манчестер Јунајтед до 14 години и даде 50 голови на 20 натпревари.
Роналдо во 2009 година направи трансфер во Реал Мадрид и во наредните 9 години ги освои сите трофеи, а стана и најдобар стрелец во историјата на шпанскиот клуб. Во првенството даде 311 голови на 292 натпревари, со што стана еден од најдобрите напаѓачи во историјата.
Син му Јуниор не крие дека еден ден сака да играат заедно, па тој е едниот од главните виновници за долгата кариера на татко му.