По Светското во Катар, Ибрахимовиќ ги нападна Аргентинците: Ништо нема да освоите повеќе

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ ги нападна Аргентинците кои го освоија Светското првенство во Катар. Зборуваше за нивното непримерно однесување во финалето со Франција, но и во полуфиналето со Холандија. Рече дека светот ќе ги памети по лошо и дека никој повеќе нема да ги почитува.

„Меси се смета за најдобриот фудбалер во историјата. Бев убеден дека ќе го освои Светското, како што сум убеден дека и М’бапе ќе освои уште еден Мундијал. Но, не се грижам за него. Повеќе се грижам за останатите кои нема ништо нема да освојат повеќе. Ќе бидат вечно запаметени како лоши и нема никој да ги почитува“, рече Ибрахимовиќ за France Inter.

 

Scroll to Top