По успешната мисија на Месечината, капсулата „орион“ се врати на Земјата

Капсулата „орион“ на НАСА успешно се врати на Земјата по 26 -дневна мисија во орбитата на Месечината. Падот на капсулата во Пацифичкиот Океан беше ублажен со 11 падобрани кои помогнаа во спуштањето.

Враќањето на „орион“ на Земјата, НАСА го опшиша како приоритет број еден, бидејќи повторното влегување во Земјината атмосфера се случува при брзина од речиси 40.000 километри на час. Капсулата го преживеа тоа и падна близу мексиканскиот остров Гвадалупе.

„Со ‘Аполо‘ невозможното го направивме возможно. Сега го правиме истото, но со друга цел. Овојпат одиме на Месечината за да научиме да живееме, работиме и креираме, со цел да овозможиме натамошни истражувања на вселената. Планот е да одиме со луѓето на Марс во втората половина на 2030-ите“, изјавил шефот на НАСА, Бил Нелсон.

Инаку во капсулата „орион“ која беше пробна немаше човечки екипаж. Но тоа ќе се промени во 2024 година кога се планирани нови мисии за до Месечината.

Капсулата во најблиската точка беше оддалечена 130 километри од површината на Месечината и на првиот пробен лет се тестираа маневри и системи кои подоцна ќе се користат во програмата „Артемис“.

Scroll to Top