Победниците на Евросонг одат на турнеја низ Европа за да собираат средства за Украина

Победниците на Евровизија, „Калуш оркестра“, ќе тргнат на турнеја низ Европа за да соберат пари за војската и добротворните организации во Украина. Пејачот Олег Псјук изјави дека бендот наскоро ќе објави на Инстаграм во кои градови ќе се одржи турнејата.

Откако победија на Евросонг, Олег Псјук изјави и дека оди директно во војна. Тој додаде дека и победничкиот трофеј ќе биде ставен на аукција, а приходите ќе бидат наменети за поддршка на украинската армија.

Оркестарот Калуш победи со песната „Стефанија“. Ова е трета победа на Украина на ова музичко натпреварување.

Победникот на Евросонг ја бакна девојката и замина во војна

Scroll to Top