Почина 19-годишниот Мемет, кого скопјани го познаваа од дебармаалските улици со списанието „Лице в лице”

Почина 19-годишниот Мемет, кого скопјани го познаваа од улиците со списанието „Лице в лице“. Читателите го гледаа често во неговото омилено Дебар Маало како го продава популарното списание.

„Со тага и неверување споделуваме со вас дека поради здравствени компликации почина Мемет, нашиот продавач од редовите на Daycare Centre for street children, Дневен Центар за деца на улица, соопштија од „Лице в Лице“.

„Не останувавме рамнодушни на неговата насмевка, на мекоста и топлината кои зрачеа од него.
Ќе го паметиме Мемет како кроток и љубезен млад човек, вреден и скромен. Другаруваше со сите продавачи на списанието, тука беше да сподели трик, да каже нешто за добрината. Веруваше во љубовта и грижата на луѓето кои секогаш го поддржуваа. Сонуваше да сними рап песна и да стане познат рапер.
Сочувство до семејството и блиските“, велат од Дневниот Центар за деца.

Scroll to Top