Почина Ајрин Кара пејачката на хитот „What A Feeling“ од филмот Флешденс

Ајрин Кара, пејачката која ги отпеа насловните песни на филмовите „Фејм“ и „Флешденс“ од 1980-тите, почина на 63-годишна возраст.

Веста ја потврди нејзината публицистка Џудит А. Мус на Твитер, која откри дека Кара починала во својот дом на Флорида. Причината за смртта засега не е позната.

„Ова е апсолутно најлошиот дел за еден публицист. Не можам да верувам дека морав да го напишам ова, а уште помалку да го објавам. Ве молиме споделете ги вашите спомени и сеќавања за Ајрин. Ќе ги прочитам сите и ќе знам дека таа се насмевнува од небото Таа ги обожаваше своите фанови’, стои во објавата на нејзината публицистка.

Кара првпат стана позната кога доби улога во мјузиклот „Фејм“ во 1980 година. Откако првично беше избрана за танчерка, за неа беше напишана улогата на Коко Хернандез и таа имаше задача да ја пее насловната песна.

Нејзиниот настап и донесе две Греми награди, за најдобар нов изведувач и најдобар женски поп изведувач.

Подоцна го отпеа познатиот хит „What A Feeling“ за филмот „Флешденс“ од 1983 година, за кој доби и Греми награда за најдобра женска поп вокална изведба, како и Оскар за најдобра оригинална песна.