Венецуелската актерка Нури Флорес почина на 80-годишна возраст. Нејзината најпозната улога беше во серијата Касандра во која ја глумеше злобната Херминија.
Како што е наведено, по долго боледување, таа ја загубила битката со ракот.
Пријателите и семејството се збогуваат со актерката преку социјалните мрежи.
Да потсетиме, Нури Флорес својата актерска кариера ја започна во 1959 година, а освен во серијата „Касандра“, улоги имаше и во теленовелите „Слугинката и сенаторот“, „Духот на Елена“ и „Ангелот одмаздник“ и многу други.
View this post on Instagram