Почина актерот Лу Палтер кој ја глумеше најтрогателната сцена во култниот филм „Титаник“

Почина актерот Лу Палтер од култниот филм „Титаник“, кој сите го паметат по една од најтрогателните сцени.

Според неговото семејство, актерот починал по кратко боледување од рак на белите дробови.

Лу Палтер (94) беше најпознат по трогателната сцена кога старец и старица, кои знаат дека нема да можат да избегаат од „Титаник“ кој тоне, се гушкаат на креветот додека водата навлегува во кабините на бродот.

Инаку, сцената е инспирирана од вистински пар патници на „Титаник“, а од необична игра на судбината, двајцата старци биле предци на сопругата на сопственикот на подморницата „Титан“, Стоктон Раш.

Scroll to Top