Почина актерот Мајкл Лернер, кој беше номиниран за Оскар за споредна улога во филмот „Бартон Финк“

Американскиот актер Мајкл Лернер почина на 82-годишна возраст. Актерот починал во саботата, а причината за смртта се уште не е позната. Тажната вест ја сподели неговата внука Сем Лернер.

„Синоќа загубивме една легенда. Тешко е да се каже со зборови колку брилијантен беше вујко ми Мајкл и колку тој имаше влијание врз мене. Неговите приказни секогаш ме инспирираа и ме натераа да се заљубам во актерството“, напишала таа.

Кариерата на Лернер започна кога беше откриен од агент во Сан Франциско и донесен во Лос Анџелес. Веќе во 60-тите, Мајкл се појави на телевизиските емисии како The Doris Day Show и M*A*S*H. Првата филмска улога ја доби во „Алекс во земјата на чудата“, во која глумеше заедно со Доналд Сатерленд и Елен Бурстин. Тој беше познат и по неговите улоги во филмовите The Ski Bum, The Candidate и Outlaw Blues.

Заедно со филмовите, се појавуваше и во серии. Еден од нив е Hill Street Blues. Во 90-тите ја играше улогата на Џек Липник во филмот „Бартон Финк“, за кој беше номиниран за Оскар во категоријата најдобра споредна машка улога.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sam Lerner (@samlerner)

Scroll to Top