Почина македонскиот театарски, филмски и телевизиски глумец и хуморист, Димче Мешковски. Тој глумеше во „Викенд на мртовци“ како Тасе, во „Солунски патрдии“ Секула, а беше дел од екипата на „Женски оркестар“, „Хиирику“ и многу други.
Остварил улоги во многу театарски претстави „Диво месо“, „Солунски патрдии“, „Хамлет од Долно Гаштани“, телевизиски серии „Македонски народни приказни“, радио-драми и хумористични серии „Хихирику“ и играни филмови „Викенд на мртовци“.
Својот глас го позајмувал и при натсинхронизацијата на цртани филмови Гаргамел во „Штрумпфови“, а познат е и по улогата на Дедо Мраз во новогодишните претстави за деца.
Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело.
Мешковски е роден е на 31 октомври 1945 година во Скопје.
Комеморацијата ќе се одржи во салонот на Драмски театар на 28 март во 12ч.