Почина бившата евровизиска ѕвезда и пејач од Ирска, Рој Тејлор

Почина бившата евровизиска ѕвезда од Ирска, Рој Тејлор. Тажната вест ја објави семејството кое рече дека починал по борбата со болеста на моторните неврони. Тие веста ја објавија и на социјалните медиуми на неговата добротворна оранизација Watch Your Back MND

Рој се прослави со неговиот бенд Jump the Gun, со кој учествуваше на Евросонг во 1988 година и го освои осмото место. Отворено зборуваше за својата болест и објави бројни песни со кои собираше средства за истражување на ваквата состојба.

Ваквата болест претставува ретка состојба која бавно ги оштетува деловите на нервниот систем, што доведува до слабост, а со време и целосна дисфункционалност на мускулите.

„Со длабока тага сакаме да ја објавиме смртта на нашиот татко и херој, Рој Тејлор. Низ својата заразна позитивност во последните неколку години, постигна многу во борбата против MND. Неверојатен татко и личност и неверојатен музичар“, напишаа неговите деца.

Scroll to Top