Почина Дарен Кент, ѕвездата од „Игра на престолот“

Актерот Дарен Кент, најпознат од серијата „Игра на престолот, почина на 37-годишна возраст. Веста ја објавија од неговата агенција „Кери Дод Асошиејтс“ на „Твитер“.

„Со длабока тага мораме да ви кажеме дека нашиот драг пријател и клиент Дарен Кент мирно почина во петокот. Со него беа родители и неговиот најдобар пријател. Нашите мисли се со семејството во овој за нив тежок момент“, рекоа од агенцијата.

Кент е роден во Есекс, а покрај улогата во популарната серија, глумеше и во филмот „Снежана и ловецот“. Ја освои наградата за најдобар актер на доделувањето на Van D’or наградите за улогата во филмот Sunnyboy, а работеше и како режисер.

На почетокот на кариерата му беше дијагностицирана остеопороза, артритис и ретка кожна болест. Како дел од организацијата Equal People Performing Art, се бореше за правата на актерите со попреченост.

 

Scroll to Top