Почина Ден Мекаферти, пејачот на шкотската група „Назарет“

На 76-годишна возраст почина Ден Мекаферти, еден од основачите и долгогодишен пејач на шкотската хард рок-група „Назарет“.

Басистот Пит Егњу ја објави смртта на пејачот преку објава на социјалните мрежи.

„Ова е најтажната објава што некогаш сум ја дал. Сопругата на Мекаферти, Мериен, и семејството изгубија прекрасен сопруг и татко, јас го изгубив мојот најдобар пријател, а светот изгуби една од нејзините најголеми пејачи што некогаш живееле“, напиша Егњу.

Ден Мекаферти беше член на групата до 2014, кога му беше дијагностицирано заболување на белите дробови, поради кое имаше проблеми со дишењето и беше принуден да се повлече.

Музичарот, кој беше коавтор на многу од песните на групата во текот на 1970-тите. Покрај албумот со Назарет, Мекаферти сними и три соло албуми.

Scroll to Top