Почина фудбалскиот агент Мино Раиола, два дена откако медиумите објавија лажна вест дека е мртов

Еден од најпознатите фудбалски агент, Мино Рајола, почина денес на 54 години во клиника во Милано соопшти неговото семејство. Ова доаѓа два дена откако медиумите објавија лажна вест дека Раиола почина, па тогаш самиот агент ја демантираше информацијата.

Во јануари годинава се дозна дека легендарниот фудбалски агент е тешко болен. Тој ќе остане запаметен како еден од најдобрите и најуспешните агенти во историјата на фудбалот. Им беше менаџер на Ибрахимовиќ, Балотели, Де Лихт, Халанд, Погба, Верати и многу други.

Семејството на Раиола ја потврди веста за смртта и напиша дека мисијата на Мино била да го направи фудбалот подобро место за играчите.

Scroll to Top