Почина глумецот Џорџ Робертсон, познатиот комесар Херст од „Полициска академија“

На 89 години почина глумецот Џорџ Робертсон, најпознат по улогата на комесарот Херст во хит-филмовите „Полициска академија“. Тој починал во болница во Торонто, пишува „Мирор“.

Џорџ е роден во Онтарио во 1933 година. Се школувал на Универзитетот Колумбија, каде ја запознал својата сопруга Адел, со која бил во брак 61 година. Отсекогаш верувал дека глумата му е предодредена, па продолжил да работи во театар откако завршил училиште.

Во 60-тите и 70-тите години имал помали улоги во филмовите „Бебето на Розмари“, „Аеродром“ и „Норма Реј“. Тој го играше познатиот шеф Херст во „Полициска академија“. Џорџ замина по шест филма, одбивајќи да го сними последниот дел. Подоцна глумеше во филмот „Реганови“ и мини-серијата „Патот до 9/11“.

Додека работел како глумец, Џорџ се занимавал и со хуманитарна работа. Тој беше амбасадор на УНИЦЕФ во кој ја доби и наградата Дени Кеј на УНИЦЕФ во Канада во 1990 година.

Scroll to Top