Почина актерката Пет Керол, која ѝ го позајми гласот на Урсула во „Малата сирена“

Холивудската актерка Пет Керол, која ѝ го позајми гласот на Урсула во „Малата сирена“, почина на 95 години. Таа почина во својот дом во Кејп Код, Масачусетс, додека закрепнуваше од пневмонија.

Керол долги години работеше со Ширли Темпл. Таа e добитничка на наградата Еми за нејзината улога во „Куќата на Сид Цезар“ во 1956 година. Таа освои и награда Тони за нејзината изведба во филмот „Огради“ на Август Вилсон.

Ќерката на Керол, Тара Карсијан, на Инстаграм напиша: „Со тешко срце пишувам дека мајка ми, Пет Керол, почина на длабока старост од 95 години. Ве молиме да ја почестите со смеење затоа што покрај нејзиниот брилијантен талент и љубов, таа ни го остави мене и на сестра ми Кери, најголемиот подарок од сите, хуморот и способноста да се смееш и во најтажните моменти“.

 

Scroll to Top