Почина грчката актерка и пејачка Ирене Папас

Грчката актерка Ирене Папас почина на 97-годишна возраст. Смртта ја потврдил портпаролот на грчкото Министерство за култура.

Причината за смртта засега е непозната. Во 2018 година беше објавено дека актерката боледува од Алцхајмерова болест.

За време на кариерата, која траеше повеќе од 50 години, во која играше улоги на силни жени на филм и во театар, Ирене Папас важеше за симбол на грчката убавина и претставник на медитеранската култура во странство, пренесува грчки „Катимерини“.

Таа беше најпозната по улогите во филмовите „Зорба Гркот“ (во кој глумеше грчка вдовица каменувана од селаните поради нејзиниот избор на љубовник), „З“ (ја играше вдовицата на ликот на Ив Монт) и „Топовите на Навароне“, како и во „Одисеја“, „Антигона“, „Електра“, „Сутјеска“ и многу други.

Scroll to Top