Почина Грејс Бамбри, првата афро-американска оперска пејачка

Американската мецосопран Грејс Бамбри, првата афро-американска оперска пејачка која настапи на фестивалот Бајројт во 1961 година, почина во неделата во Виена на 86-годишна возраст, објави нејзиниот син.

Во октомври минатата година, таа доживеала мозочен удар додека патувала за Њујорк каде требало да добие награда за животно дело. Неколку недели подоцна, таа се вратила во Виена, каде што живеела по пензионирањето.

Нејзиниот посвоен син Дејвид Ли Бруер изјави дека таа починала во болница во Виена. Погребот ќе биде во Св. Луис во американската држава Мисури, каде што е родена на 4 јануари 1937 година.

Нејзината мајка била учителка, а кога Грејс била мала ја однела на концерт на Маријан Андерсон, првиот црнец уметник кој се занимавал со оперско пеење.

Ова ја поттикнало да започне да студира класична музика и оперско пеење, а како млад мецосопран дебитирала во Париската опера на 23-годишна возраст.

Таа го отворила патот за многу американски оперски ѕвезди со афро-американско потекло и постигнаla меѓународна слава и постигнала светска кариера како оперска пејачка и интерпретатор на Лиеда. Таа гостувала во сите поголеми оперски куќи во светот и била првиот црнец која ги извела некои од најпознатите и најпребирливите оперски улоги – Саломе, Норма, Аида, Тоска, Медеа, Џоконда, Леонора, Бес, Кармен.

Помеѓу бројните титули ја добила и онаа на почесен амбасадор на УНЕСКО, а во Париз и била доделена француската награда Витез на редот на уметностите и книжевноста.

Scroll to Top