Почина композиторот и пејач Радослав Граиќ, автор на песната „Мито бекријо“

По кратко боледување, во Белград на 92-годишна возраст почина Радослав Граиќ, композитор и долгогодишен уредник на Радио и телевизија на Србија. Тој е композитор на популарната народна српска песна „Мито бекријо“ кој ја отпеал Василија Радојчиќ.

Тој е еден од најсестраните творци на популарна музика на овие простори, чие творештво на уникатен начин ги одбележа генерациите што израснаа во втората половина на 20 век на овие простори.

Радослав Граиќ, пејач и композитор, е роден во 1932 година во Мркоњиќ Град, Босна и Херцеговина. Имајќи наследен музички талент од неговиот татко, тој често пеел на училишни претстави. Учил во Травник, а во 1950 година завршил гимназија во Бања Лука, каде што учел и музичко училиште, пренесува РТС.

Од Втората светска војна живеел во Белград, каде дипломирал историја на уметност на Филозофскиот факултет, како и соло пеење на Музичката академија. По предлог на Дубравка Нешовиќ, тој започнува да пее во Хорот на Радио Белград, а набрзо оди на аудиција кај Властимир Павловиќ Царевац и со тоа станал вокален солист на народна музика на тоа радио.

Кога Граиќ дипломирал на Музичката академија, му било понудено да настапува во операта. И покрај неколкуте успешни проби, тој решил да се посвети на забавната музика.

 

Scroll to Top