Почина Кристин Мекви, членка на бендот „Флитвуд Мек“

Кристин Мекви, која свиреше со бендот Флитвуд Мек и ги напиша некои од нивните најпознати песни, почина на 79-годишна возраст, соопшти нејзиното семејство.

Мекви ја прекина соработката со бендот Флитвуд Мек по 28 години во 1998 година, но се врати во 2014 година.

Во изјавата на семејството се вели: „Би сакале сите да ја чуваат Кристин во своите срца и да се сеќаваат на животот на неверојатно човечко суштество и почитуван музичар кој беше сакан ширум светот“.

Според соопштението, Меквеи починала во болница во присуство на нејзиното семејство.

Scroll to Top