Почина Мајкл Паркинсон, еден од најпознатите британски водители

Еден од најпознатите британски водители Мајкл Паркинсон почина на 88-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

„По кратко боледување, Сер Мајкл Паркинсон почина мирно дома, опкружен со своето семејство“, се вели во соопштението, пренесе Би-би-си.

Неговата кариера траеше седум децении, а во своето шоу ги интервјуираше најголемите светски ѕвезди. Меѓу неговите гости биле Били Коноли, Мухамед Али, Елтон Џон, Мадона и многу други, а како што самиот рекол, интервјуирал повеќе од 2.000 луѓе.

Scroll to Top