Озлогласениот порно актер Пол Литл почина на 66-годишна возраст, пишува Дејли мејл. Попознат како Макс Хардкор, актерот починал од септичен шок и пневмонија.
Пол се борел со рак на тироидната жлезда и се лекувал со радиоактивен јод. Неговиот менаџер Пол Муњоз открил дека актерот бил на самиот крај на циклусот на терапија.
„Отиде во болница и беше опериран, но не сакаше да го помине викендот таму, па се врати дома и тогаш состојбата му се влоши. Му бил пробиен душникот и почнал да му навлегува воздух во вратот, потоа отекол. Минатиот петок му се слоши поради инфекција на грлото и гениталиите. Таа инфекција го уништила бидејќи неговиот имунолошки систем не се опоравил од последната терапија што ја примил минатата година во декември“, рекол Муњоз.
И покрај неговата болест, Литл снимал порно филмови, додека не му бил дијагностициран рак. Причината за тоа е што Пол бил познат по тоа што снима филмови со екстремни форми на секс, симулации на злоупотреба, мокрење и дефекација. Неговата индустрија вели дека бил познат и по агресивните форми на орален секс.
Во 2007 година, Пол и неговата продукциска куќа „Max World Entertainment“ били обвинети за дистрибуција на непристојна содржина, а актерот бил осуден на 46 месеци затвор во 2008 година. Тој имал и обвинение од девојка која се запознала со Бур-МекКлард за време на продукција на филмот „Неисечени скапоцени камења“. Таа тврдела дека тој и пишал и преку нејзиниот Инстаграм профил и и дал ветување за нејзината кариера. Како што вели таа, била принудена на интимни односи без кондом.
Феминистката Џули Биндел изјавила дека актерот мачел и малтретирал жени, а за неговата смрт напишала и на Твитер.