Почина познатиот британски комичар Пол О’Грејди

Познатиот британски комичар Пол О’Грејди поочина на 68 годишна возраст. Тажната вест ја објави неговата сопруга Андре Портасио која рече дека починал во вторникот вечерта.

Во деведесетите водеше голем број емисии, а една од најпопуларни му беше шоуто на „Пол „О’Грејди“, „Состанок на слепо“ и „За љубовта на кучињата“. Исто така глумеше и во телевизиски серии како што се Dr Who и Holby City. Кариереата му траеше повеќе од 30 години.

„Со голема тага сакаме да ве известиме дека Пол неочекувано, почина вчера вечерта. Ве молиме, во ова тешко време да ја почитувате нашата приватност додека се справуваме со оваа загуба. Многу ќе им недостига на неговите најблиски, пријателите, семејството, животните и сите оние кои уживаа во неговиот хумор, духовитост и сочувство. Знам дека би сакал да ви се заблагодарам за сета љубов што му ја покажувавте низ годините“, рече Андре.

 

Scroll to Top