Почина радионовинарот Марко Илковски

На на 75 години почина Марко Илковски, кој со години беше новинар во Македонското радио.

„Илковски го помина целиот работен век пред микрофонот на нашето радио, на кое му го посвети секој миг, од раните утрински до ноќните часови. Остави траен белег во радиото со многубројни документарни емисии и програми посветени на иселениците, Македонската православна црква и на сите значајни настани во историјата на македонската држава“, објавија од Македонското радио.

Марко Илковски беше погребан денес на Градските гробишта во Бутел.

Scroll to Top