Легендарниот телевизиски водител и хрватски новинар од времето на Југославија, Саша Залепугин (91), почина вчера вечер како последица на мозочен удар.
Веста ја потврдила неговата сопруга Тихана Харапин-Залепугин. Таа била покрај него до последен момент.
Тој на 16 октомври во својот дом во Загреб доживеа мозочен удар, а лекарите го ставија во индуцирана кома.
Саша Залепугин беше еден од најпопуларните телевизиски водители во поранешната држава, со чиј лик и глас поминаа незаборавни неделни попладневни часови. Во пензија, тој ја откри својата инвентивна страна, но телевизијата сепак беше неговата прва љубов.
Роден е на 18 јули 1931 година во Сараево, во 1950 година завршил гимназија во Пазин, а се запишал на славистика на Филозофскиот факултет во Загреб. За време на студиите пишувал за „Студентски лист“, „Загребачки тједник“, „Вјесник у сриједу“, а бил и актер аматер и претседател на Студентскиот експериментален театар. Во 1962 година ја презема функцијата директор на Ансамблот за хрватски народни игри „Ладо“. Во 1966 година започнува да работи во Радиотелевизија Загреб, најпрвин како уредник на емисијата „Културна панорама“, а од 1968 година е уредник на културната програма.
Од 1971 година е уредник на забавната програма на РТЗ, а почна да ја уредува и води „Неделно попладне“, емисија која влезе во телевизиската историја на Југославија како прототип на мозаично-забавна емисија, која можеби не е надмината и денес со оглед на стандардите што ги имаше Залепугин.
Од 1982 година се занимавал со истражување на причините и последиците од штетното зрачење по здравјето на луѓето и успева да најде начин целосно да го елиминира зрачењето врз човековата околина. Од 1983 година „Неделно попладне“ се емитува под името „Средба без агенда“, која допира до 70% од гледачите и претставува револуција во забавните програми во Југославија. Во текот на својата кариера интервјуирал многу познати личности како Никсон, Хуберт Хемфри, Синатра, Софија Лорен, Ростроповиќ и други, а глумел и во неколку филмови и серии, пишува ХРТ.
Покрај работата како водител, Залепугин снимаше и документарни филмови, а на своите патувања снимаше извештаи за големите имиња од таа ера, како Ричард Никсон, Френк Синатра, Хуберт Хемфри, Сузана Јорк, Софија Лорен, Пако Рабан, Елизабет. Тејлор и многу други.