Почина Валериј Пољаков, космонаутот што најдолго бил во вселената

By

Рускиот космонаут Валериј Пољаков, кој постигна рекорд со најдолг престој во вселената почина на 80 години. Тажната вест ја објави во понеделникот вселенската агенција „Роскосмос“. Во вселената мина 437 дена, 17 часа и 58 минути и се смета за јунак на Советскиот Сојуз и Русија.

dobivaj vesti na viber

Роден е во Тула на 27 април 1942 година. Како лекар работел во Институтот за биомедицински проблеми во Москва, водечката советска институција за вселенска медицина.

 

На Советската вселенска програма ѝ се придружи во раните 70-ти. Како космонаут во осумдесетите и деведесетите години на двапати леташе до вселенската станица „Мир“.

Рекордот во вселената го постигна за време на вселенската мисија „Сојуз“ ТМ-18 од 1994 до 1995 година. Сè уште го држи светскиот рекорд за најдолг поединечен престој во вселената.

Поминал повеќе од 678 дена на вселенската станица, правејќи медицински експерименти и собирал податоци за влијанието на долгорочниот вселенски лет врз човечкото тело.

За разлика од колегите, сепак никогаш не се осудил да излезе надвор од станицата за вселенска прошетка. Напишал повеќе од 50 научни трудови за вселенска медицина. Зад себе ги остави сопругата и ќерката и два внука.

 

Ќе ви се допадне