Почина Жаклин Земан, актерката од познатата серија „Општа болница“

Легендарната актерка Жаклин Земан почина на 70-годишна возраст. Веста за нејзината смрт ја објави нејзиниот продуцент Френк Валентини на Твитер.

„Со скршено срце ги информирам сите колеги и луѓе кои ја сакаа дека нашата сакана Џеки го напушти овој свет“, напишал Валентини.

Актерката инаку се прослави со легендарната улога на Боби Спенсер во познатата серија „Општа болница“.

Жаклин е родена на 6 март 1953 година во Њу Џерси, а уште од најмала возраст покажала талент за класичен балет. Исто така, пред да ја започне својата актерска кариера, таа бил член на клубот Плејбој во 1972 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jackie Zeman (@jacklyn.zeman)

Scroll to Top