Почна снимањето на македонскиот филм „Нитаму ниваму – Турбо нет“

Викендов во Скопје почна снимањето на краткометражниот игран филм „Нитаму ниваму – Турбо нет“, во режија на Надежда Панова. Панова е и сценарист на филмот кој е во македонско-швајцарска копродукција и поддржан е од Агенцијата за филм и регионалниот филмски фонд, Синефором, Женева.

Филмот раскажува приказната за македонско семејство и предизвиците со кои се соочуваат неговите членови по смртта на таткото, сопственик на првото интернет-кафуле во градот – Турбо-нет.

Во филмот ќе глумат и млади и искусни актери како Катина Иванова, Валентина Грамосли, Соња Михајлова, Сашо Тасевски, Исидор Јовановски, Илија Волчески, Ивана Павлаковиќ, Игор Трпчевски, Петар Стојанов, Надица Дојкоска, Петар Горко и Матео Матевски од серијата „Зоки Поки“.

Премиерата е планирана за пролетта 2023 година.

Scroll to Top