Под урнатините на земјотресот во кој загинаа 3000 луѓе пронајден е антички град од 6.век

Илјадагодишната историја на градот Конца дела Кампанија кој се наоѓа на југот на Апенинскиот Полуостров, била прекината на 23 октомври 1980 година.

Во земјотресот кој бил со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала загинале речиси 3000 луѓе. Иако, честопати досега градовите биле обновувани на истото место по слични трагедии, овде штетата била преголема, па така веднаш до старата локација на градот бил изграден нов град со модерна инфраструктура.

 

Урнатините од стариот град се распослани на рид, но интересно е тоа што тука се наоѓаат и други рушевини од античкиот град Компса, кој биле откриени дури по раскопувањето заради земјотресот.

На ова место живеат три генерации од различни епохи што го прави градот необична туристичка дестинација.

Компса бил населен во 6 век п.н.е., но зачувани се остатоци од римското владеење како форумот и амфитеатрот. Интересно е што како античкиот град бил откриен зардаи земјотресот.

Денешните жители на гратчето не сакаат да се сеќаваат на трагедијата и затоа претпочитаат да зборуваат за она што им го донесе земјотресот.
Scroll to Top